Емилија Џипунова

македонска балерина From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Емилија Џипунова (р. 30 јануари 1935 во Велес) — македонска балерина и балетска критичарка.[1]

Кратки факти Родена, Националност ...

Како солистка се истакнувала со својата танцувалност и со сигурна балетска техника.

Remove ads

Животопис

Џипунова припаѓа на првата генерација македонски балерини. Таа започнала да се занимава со балет на возраст од 13 години. Како солистка, за првпат настапила во 1949 година, во првата целовечерна балетска претстава „Бахчисарајска фонтана“.

Го завршила Балетското училиште во Скопје во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, напоредно со гимназијата. Апсолвирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на Балетот при МНТ во периодот 1949-1974.

До пензионирањето во 1975 година, таа учествувала во сите балетски претстави, именувана како „истакнат солист“. Настапувала како солистка во над 30 балети поставени на сцената на МНТ, а нејзините улоги биле високо вреднувана од критиката. Исто така, таа настапувала и во балетските сегменти од повеќе опери, поставувани на сцената на МНТ.

По пензионирањето, од 1979 година е балетски рецензент во Радиото и во печатените медиуми. Автор е на две телевизиски серии за балетската уметност, а напишала и над 70 лексикографски одредници за балетската уметност во повеќе енциклопедии. Најпосле, Џипунова е автор на две книги: „Македонската балетска сцена“ и „Балетот како врвна естетика на играта“.

Улоги
  • Пријателка на Марија (Б. Асафјев, „Бахчисарајска фонтана“);
  • Муза (П. И. Чајковски, „Франческа де Римини“);
  • Колумбина (Л. Делиб, „Копелија“)
  • и други.
Remove ads

Награди

Џипунова е добитник на повеќе награди и признанија од институциите во кои работела, а носител е и на „Орден на трудот со златен венец“, доделен од страна на претседателот на СФРЈ.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads