Македонски народен театар

државен театар во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонски народен театар
Remove ads

Македонски народен театар (скрат. МНТ) — државен театар во Скопје.[1]

Кратки факти Кратенка, Основана ...
Thumb
Првобитната зграда на театарот во 1920-тите години
Thumb
Поглед на салата

Историја

Thumb
Првиот скопски театар „Ада Кафе“ од 1906 г.
Thumb
Народен театар, старата зграда

Првиот скопски театар е таканаречениот „Турски театар“ или „Ада Кафе“, изграден во 1906 г. По ослободувањето од Отоманското Царство, неговата зграда е прилагодена и тука започнал да работи Народниот театар „Крал Александар I“ основан во 1913 г. од Бранислав Нушиќ како прва професионална театарска установа.[2]

Театарот е основан со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945 година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот. Првата претстава изведена на неговата сцена е лирската трочинка „Платон Кречет“ од украинско-советскиот драматург Александар Корнејчук, во препев на Блаже Конески. Премиерата се случува на 3 април 1945 година, како режисер се јавува Димитар Ќостаров, а во главната улога игра Илија Милчин.[3]

Во текот на првите две сезони, МНТ и функционирал како драмски театар, аво текот на наредните четири години, театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“ била изведена на 9 мај 1947 година), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“ била изведена на 27 јануари 1949 година).

Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација — Македонска опера и балет (МОБ).

Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав:

Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).

Потоа се приклучуваат на ансамблот и оставаат траен белек, веќе докажаните глумци на театарот од помладата генерација на дипломирани глумци: Ристо Шишков, Мери Бошкова, Љупчо Петрушевски, Љупка Џундева, Кирил Андоновски, Снежана Конеска Руси, Петре Арсовски, Емил Рубен, Катина Иванова, Ѓорѓи Колозов, Владимир Светиев, Славица Јовановска, Катерина Крстева, Александар Шехтански и Кирил Псалтиров.

МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963 година, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект Театар Центар, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи Македонската опера и балет (МОБ), а од 2013 година, МНТ се вселува во одново изградената стара зграда (со извесни измени) на кејот на реката Вардар.[4].

Remove ads

Премиери

Remove ads

Галерија

Во прилог следуваат некои историски документи и фотографии од најраната историја на театарот:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads