Ена (департман)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ена (англиски: Aisne) — департман во областа Пикардија, денес во состав на регионот Горна Франција на северот од земјата. Наречен е по реката Ена.
Remove ads
Историја
Ена е еден од изворните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790. Составен е од делови од дотогашните покраини Ил де Франс, Пикардија и Шампања.
Највеќето стари шуми во подрачјето на департманот се уништени во Првата светска војна. Офанзивата на сртот Шеман де Дам во пролетта 1917 понекогаш се нарекува „Втора битка на Ена“.
Географија
Ена се граничи со Арденската шума и Белгија на североисток. Реката Ена минува низ департманот во правец исток-запад, и потоа се влева во Оаза. Реката Марна образува дел од јужната граница со департманот Сена и Марна. Јужниот дел на департманот е посува висорамнина позната по млечни производи и сирењето бри.
Во пејзажот предоминираат карпести масиви со стрмни крила. Најзабележителни се оние кај Лан и сртот Шеман де Дам.
Најголеми населени места во департманот се:
Remove ads
Клима
Департманот добива просечни атмосферски врнежи од 500-750 мм годишно.
Стопанство
Стопанството е претежно земјоделско. Се одлегуваат големи количини на житарки и шеќерна репка. Во Сен Кантен и други места значајна гранка е текстилната индустрија, со многу ткајачници на свила, памук и волна. Во Сен Гобен се произведуваат огледала уште од XVII век. Гиз е центар на земјоделството во северниот дел на Ена.
Познати личности
- Писателот Александар Дима (1802-1870) пораснал во Ена
- Сликарот Анри Матис (1869-1954) пораснал во Боен ан Вермандоа.
Поврзано
- Општини во Ена
- Окрузи во Ена
- Ена (река)
- Ен (департман) — департман со мошне слично име
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads