Енисеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Енисеј (руски: Енисей) е најголемиот речен систем којшто тече кон Северноледен Океан. Речниот систем во кој се уште и реките Ангара и Селенга е долг 5.539 км, а со тоа е на петтото место по должина во светот. Извирајќи во Монголија, Енисеј продолжува да тече низ централен Сибир, заедно со Ангара и Селенга кон Енисејскиот Залив и Карското Море.
Покрај целиот речен систем се изградени многу моќни хидроцентрали. Реката поминува низ областа на тајгите, а реката ја преминува и Транссибирската железница минувајќи низ градот Краснојарск.
Remove ads
Горен Енисеј
Енисеј во почетокот на своето течение се нарекува Горен Енисеј којшто е составен од реките Биј-Хем која извира помеѓу планините Источен Сајан и северните делови од Тану-Ола кај Тува, и од реката Каа-Хем којашто извира во Даркад во Монголија.
Долен Енисеј

Јужно од Опско-енисејскиот канал реката Енисеј се нарекува Долен Енисеј и истата поминува низ Тунгузија и во близина на областа која во 1908 г. била погодена од метеорит. Целата околина покрај овој канал е со тундра, а последниот град низ којшто поминува (завршува) каналот е Дудинка којшто е споен со Краснојарск.
Реката е пловна, но кон нејзините северни текови, таа преку зима е замрзната, па затоа за кршење на мразот се употребуваат бродовите наречени мразокршачи.
Remove ads
Енисеј како тема во уметноста и во популарната култура
Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Енисеј, како на пример:
- „Енисеј“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.[1]
Поврзано
- Голем Енисеј
- Мал Енисеј
- Горен Енисеј
- Опско-енисејски канал
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads