Мразокршач

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мразокршач
Remove ads

Мразокршач[1] — посебен вид брод, чија цел е да го крши мразот за да отвори пловен пат.

Thumb
Рускиот атомски мразокршач „Јамал“ на пат кон Северниот Пол.

За да се постигне ова, мразокршачот мора да има специјално засилен труп, посебен облик на трупот и особено моќен мотор.

Мразокршачите се појавиле релативно доцна, со појавата на парната машина. Тие главно се користат во морињата во поларните и супполарни области, како и на важни реки вон овие области кои замрзнуваат во текот на зимата.

Мразокршачите се делат на поларни и супполарни, во зависност од географската област на работа. Поларните мразокршачи се опремени за независна работа на едногодишниот, двегодишниот и повеќегодишниот мраз на Арктикот и Антарктикот. Супполарните мразокршачи работат на замрзнатите води на морските брегови, реките и езерата, надвор од поларните региони.

Главни корисници на мразокршачите се Данска (3 брода), Германија (6 брода + 3 повеќенаменски), Финска (10 бродови), Шведска (16 бродови), Обединетото Кралство (1 брод), Канада (1 брод), Франција (1 брод), Кина (1 брод), Јапонија (3 брода), САД (12 бродови) и Русија (9 бродови, од кои 6 со јадрен реактор).

Thumb
Атомски мразокршач
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads