Ени Маала (Солунско)
село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ени Маала (грчки: Πετρωτό; до 1926 г. Γενή Μαχαλά, Ени Махала[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле. Лежи на левиот брег на реката Галик, во северното подножје на планината Балџа.
Историја
Над селото е сместена тврдината Кале,[3] која била утврдена населба во средниот век.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ени махала, Лагадинска каза, живееле 120 Турци.[4]
По Блаканските војни во 1913 г. Ени Маала влегло во состав на Грција со гласно Букурешкиот договор. Таа година имало 85 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 53.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понд.[5] Според пописот од 1928 г. Ени Маала било дојденско село со 21 семејства сочинети од 83 лица.[6] Во 1926 г. селото е преименувано во Петрото.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads