Есбјерг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Есбјерг (дан. Esbjerg) е петтиот град по големина во Данска и најголем град во југозападниот дел на земјата. Градот се наоѓа во кругот на покрајната Јужна Данска, каде со околнитe населени места претставува една од општините, Општина Есбјерг. Денес градот Есбјерг има 71.579 жители (од 1 јануари 2012)[1]. Во Есберг најважно е градското пристаниште на западниот брег на Јитланд.
Remove ads
Природни услови
Есбјерг се наоѓа во северниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот Есбјерг е оддалечен околу 300 километри западно.
Релјеф: Есбјерг се наоѓа во југозападниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи измеѓу 0 и 20 метри.
Клима: Климата во Есбјерг е претежно умерено-континентална под влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Градот се формирал на заливот Вада, кој е дел од Северното Море. Градот е стратегиски поставен како најпловно пристаниште на западот од земјата.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Есбјерг било населено уште во времето на праисторијата. Современото градско населено место плански е основано во текот на 1868 година како замена за пристаништето Алтон (денес дел од Хамбург), која тогашната Данска го загубила во битката со Прусија. Населеното место своите градски права ги добило во 1899 година. И покрај петгодишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население, не претрпеле сериозни страдања.
Remove ads
Население
Денес Есбјерг има околу 70.000 жители во градските граници и околу 115.000 со околните населени места.
Етнички состав
Населението на Есбјерг до пред неколку децении било претежно населено со етнички данци, но денес поголем број од населението има странско потекло.
Стопанство
Стопанството на градот Есбјерг денес главно се оснoва на пристаништето и на бродоградилиштето.
Галерија
- Главниот градски плоштад
- Пешачка улица во Есбјерг
- Градски музички дворец
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads