Јужна Данска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јужна Данска или Јужен Јитланд (дански: Region Syddanmark) — еден од 5-те региони на Данска, сместена е во јужниот дел на државата. Управното седиште на регионот се наоѓа во градот Вајле, додека најголем град е градот Оденсе.


Remove ads
Положба и граници на регионот
Јужна Данска ги опфаќа јужниот и југозападниот дел на Данска и истовремено со значаен дел се простира и на копно и на острови. Тоа е и единствен дански регион кој има излез и на копнена државна граница (јужната граница на регионот, со Германија). Граници на округот се:
- север: Среден Јитланд
- исток: Зеланд преку Данскиот Проток
- југ: Германија (сојузнатата покраина Шлезвиг-Холштајн)
- запад: Северно Море.
Remove ads
Природни услови
Регионот Јужна Данска со западниот дел се наоѓа на копно, т.е. на полуостровот Јитланд, додека со источниот дел се простира на повеќе острови. Најголем остров е островот Фин, втор остров по големина во Данска. Значајни се и островите Лангеланд, Алс и Ере, кои сите се на источниот брег, во рамките на Балтичко Море. Западниот брег (Северно Море) исто така е разгранет, но островите се значително помали. Тука се островите Реме, Манде и Фане. И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски, а надморската височина е до 80м (север на регионот). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Во крајбрежното подрачје има доста мочуришта, додека поголем дел е под земјоделско одгледување.
Remove ads
Население
Според последниот попис на населението од 2010 година, во регионот Јужна Данска живеат 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а населението е повеќе рурално, за разлика од државниот просек. Бројот на жители со германска етничка припадност е 15.000-18.000 жители.
Густина на населеност е близу 100 жит/км2, што е доста помала бојка од државниот просек (127 жит/км2). Островот Фин и источниот дел на копното е нешто подобро населен отколку западниот дел и помалите острови.
Општини во Јужна Данска
Во Јужна Данска има 22 општини, и тоа:
Градови во Јужна Данска
Значајни градови во регионот Јужна Данска, се:
Поврзано
Надворешни врски
![]() |
„Јужна Данска“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads