Ефтим Богоев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ефтим Богоев
Remove ads

Ефтим Богоев (роден на 2 ноември 1980 во Струмица) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој играл на позицијата бек и поголемиот дел од својата играчка кариера настапувал во Првата македонска кошаркарска лига.[1] Тој моментално е кошаркарски ментор во Соединетите Држави.

Кратки факти Ефтим Богоев, Прекар(и) ...
Remove ads

Историја

Клупска кариера

Својата кариера ја започнал во струмички Неметали Огражден во 1997 година каде играл сè до 2002 година. Потоа се преместил во Поло Трејд кога во сезоната 2002/03 станал вицепрвак со клубот. Својата меѓународна кариера ја започнал во 2004 година во грчка КАО Драма, играјќи една сезона, а сезоната 2005/06 исто така играл во Грција, но во екипата на Ретимно Кретан. Потоа Богоев се вратил во Струмица 2005 каде бил капитен на екипата сезоните 2006/07 и 2007/08. Со Струмица 2005 ја освоил Лигата во 2007, додека во Купот 2007 биле вицепрваци. Со Струмица 2005 го освоил и Суперкупот 2007. Во 2008 година бил вицепрвак во Лигата и Купот. По распаѓањето на Струмица 2005, Ефтим потпишал за охридски АМАК СП,[2] кога со клубот со освоил Купот 2009. За следната сезона потпишал за Сутјеска Фоча од Босна и Херцеговина. Таму останал кратко и веќе во ноември 2009 година, тој потпишал со Фени Индустри,[3] освојувајќи ја двојната круна. Барајќи нов клуб, кога претходно бил слободен агент, во декември 2010 година Богоев потпишал за Овче Поле од Свети Николе.[4] Таму останал месец дена и во јануари 2011 година, Богоев потпишал со Работнички притоа освојувајќи го Купот 2011 и подоцна Суперкупот.[5] За сезоната 2011/12, тој ја продолжил соработката со Работнички.[6] Сезоната 2012/13 ја започнал во новосоздадениот клуб Струмица.[7] Во Струмица играл сè до декември, кога во јануари 2013 година се префрлил во МЗТ Аеродром,[8] и по вторпат ја освоил двојната круна. Во сезоната 2013/14, Богоев повторно играл за Фени Индустри и бил капитен на екипата.[9] Следната сезона настапувал за гевгелиски Кожув.[10][11] За сезоната 2015/16, Богоев го напуштил Кожув и повторно потпишал за Струмица.[12][13] Богоев ја продолжил соработката со Струмица и за следната сезона.[14]

Репрезентативна кариера

Тој го освоил 10то место на европската гимназијада во Израел. Ефтим Богоев бил репрезентативец на Македонија во квалификациите за Евробаскетот 2007 и Евробаскетот 2009.

Останата кариера

По пензионирањето од активно играње професионална кошарка, Богоев веднаш се преселил во Атланта, Соединетите Држави во летото 2017 година. Тој таму се вработил во кошаркарската развојна организација „TSF“ (The Skill Factory) по препорака на кошаркарот Џеремаја Босвел кој претходно играл во Македонија.[15]

Remove ads

Успеси

Титули

Македонија Струмица 2005

Македонија AМАК СП

Македонија Фени Индустри

Македонија Работнички

Македонија МЗТ Аеродром

Признанија

  • Втора најдобра петорка на сезоната 2006/07[16]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2007/08[17]
  • Најдобра одбранбена петорка на сезоната 2007/08[17]
  • МВП на финалето во Купот на Македонија - издание 2009[18]
  • МВП на финалето во Купот на Македонија - издание 2010[19]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads