ЖС „Драчево“
железничка станица во Драчево, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Железничка станица „Драчево“ — железничка станица на железничкиот коридор 10 во населбата Драчево, во југоисточниот дел на градот Скопје, во Македонија.
Таа е трета по ред железничка станица на пругата Скопје - Велес и меѓународниот железнички коридор 10 Скопје - Гевгелија - Солун. Оваа станица претставува распатница бидејќи на нејзе се надоврзува кракот од скопскиот железнички јазол (обиколница) кој директно ги поврзува пругите Скопје - Гевгелија - Солун и Скопје - Куманово - Белград. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 12,2 километри. На оваа станица најчести патници се жителите на Драчево и работниците во околните фабрики и производствени погони. Станичната зграда е со типична архитектура за железнички објекти од крајот на XIX и почетокот на XX и поседува затворена чекална. На железничката станица Драчево, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани.
Remove ads
Галерија
- Железничката станица „Драчево“ облеана со сонце (сликана од воз)
- Железничката станица „Драчево“ облеана со сонце (сликана од воз)
Надворешни врски
ЖС „Драчево“ на Ризницата ?
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads