ЖС „Мартолци“
железничка станица во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Железничка станица „Мартолци“ — железничка станица во Македонија, која се наоѓа во близина на селото Мартолци. Станицата се наоѓа на трасата на кракот D од паневропскиот коридор 10.
Железничката станица се наоѓа надвор од селото, покрај патот кој води до самото село. Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата Скопје - Битола.
Железничката станица повеќе не работи, а самата градба се користи како станбен простор. Во дворот на некогашната станица, каде постоел бунар со вода, моментално нема пристап поради оградување на просторот од денешните поседувачи на самата градба на станицата.
Железничката станица „Мартолци“ е оддалечена 76,4 километри од главната железничка станица во Скопје.
Remove ads
Возен ред
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads