Желад
плод на дабот и буката From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Желад — плод на дабот или буката кој обично содржи по една семка (ретко по две) затворена во мошне цврста кожеста лушпа, прицврстена со чашичка. Се движат од 1 до 6 см во должина и 0,8–4 cm во ширина. Узреваат за 6 до 24 месеци, зависно од видот.. Кога станува збор за бука, желадот поточно се нарекува буклинка.[1]



Remove ads
Улога во екологијата
Желадот игра важна улога во шумската екологија во дабовите шуми.[2]
Постојат разни животни што зависат од желадите за издршка. Од птиците, со нив се хранат сојките, гулабите, некои видови патки и неколку вида на клукајдрвци. Меѓу малите цицачи, највеќе желади јадат глувците, вервериците и некоку други глодачи.
Големи кочичества на желади јадат и крупните диви животни како дивата свиња, мечката и еленот. Во случајот на еленот, тие можат да сочинуваат до 25% од неговата исхрана во зима.[3] Во Шпанија, Португалија и дел од Англија домашните свињи се пуштаат во природа за да се најадат желади и со тоа подобро да се згојат.
Ларвите на некои молци и чурилкарите се хранат со млади желади.[4]
Желадот е богат со разни состојки корисни за животните. Точниот состав зависи од видот, но сите содржат големи количества на белковини, јаглехидрати и масти, како и калциум, фосфор и калиум и витамин Б3.[5] Меѓу другото, содржи и горчлив танин и затоа животните ги претпочитаат оние видови со поблаги желади како белиот даб.
Remove ads
Во човековата исхрана
Како храна желадот е мошне ретко застапен, освен во кујната на северноамериканските индијанци и извесни јадења во Кореја.[6][7]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads