Жолчка (јајце)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жолчка[1] или жолток[2][3] – густа жолта материја во внатрешниот дел од јајцето, опкружена со белка.[4] Овој дел од јајцето што служи за хранење на ембрионот во развој. Жолчката виси слободно на белката од јајцето, закачена на две спирални нишки од ткиво.

Пред оплодување, жолчката и бластодискот се една клетка, еден од ретките примери каде клетка може да се види со голо око.
Remove ads
Состав на жолчката во кокошкино јајце
Жолчката сочинува околу 33% од течната тежина на јајцето; содржи околу 60 kcal, трипати повеќе од енергетската содржина на белката на јајцето, најмногу поради неговата содржина на маснотии.
Сите витамини растворливи во масти (А, Д, Е и К) се наоѓаат во жолчката од јајцето. Жолчката од јајцето е една од ретките намирници кои природно содржат витамин Д.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads