Жофре Суп

француски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Жофре Суп
Remove ads

Жофре Суп (француски: Geoffrey Soupe; р. 22 март 1988 ) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис. Суп бил национален друмски првак во конкуренцијата под 23 години во 2010,[1] и завршил втор зад Британецот Алекс Даусет на Европското хронометарско првенство под 23 години.[2]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Роден во Вирја, Ен, Суп настапувал за ВК Бресан и ВК Вол ан Велен како јуниор и во составот на Етупе ле Дуа како аматер, пред да му се приклучи на професионалниот состав на ФДЖ за сезоната 2011.[3] На првата трка за екипата, Суп ја освоил воведната етапа на Ла Тропикал Амиса Бонго во Габон - победувајќи го возачот на Тим Јуропкар Антони Шарто во меѓусебниот спринт[4] – пред да заврши на трката на осмото место во генералниот пласман.[5] Подоцна Суп додал уште една етапна победа на Тур Алзас,[6] пред да се откаже од трката следниот ден.[7]

Суп го направил своето деби на Гранд Тур трка на Џиро д’Италија 2012, заземајќи го третото место во текот на првата масовна етапа во Хернинг, Данска; резултат за кој Суп изјавил дека „жали“, бидејќи претпоставил дека треба да го води главниот спринтер на екипата Арно Демар, кога тој бил зафатен во падот во последната кривина.[8]

Во август 2014 година, Кофидис објавил дека потпишале со Суп, заедно со неговиот колега од ФДЖ Насер Буани, за сезоната 2015.[9] Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[10]

Remove ads

Достигнувања

2008
1. Краен пласман Тур ди Беарн
2009
2. Национално друмско првенство под 23 години
2. Краен пласман Букл де ла Марна
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
3. Сувенир Мишел Рок
5. Хроно на народите
2010
1. Национално друмско првенство под 23 години
2. Европско хронометарско првенство под 23 години
2011
1. Етапа 1 Тур Алзас
5. ГП де Пон а Марк
8. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 1
2013
10. Краен пласман Четири дена Динкерк

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads