Арно Демар

француски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Арно Демар
Remove ads

Арно Демар (француски: Arnaud Démare; р. 26 август 1991 ) — француски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...

Во 2011 година ја освоил трката под 23 години на Светското друмско првенство,[2] а во 2016 година го освоил класикот Милано-Санремо.

Remove ads

Кариера

2012

Thumb
Демар ја прославува победата на последната етапа на Трката околу Катар 2012

Во август 2012 година, Демар ја освоил својата прва трка од Светската турнеја во неговата кариера, победувајќи на Ватенфал Класик, пред локалниот фаворит Андре Грајпел и Џакомо Ницоло.[3] Французинот преовладал на масовниот спринт на крајот на трката од 245,6 километри во неверојатна жештина.[4]

2013

Во 2013 година, Демар освоил три етапи по ред на Четири дена Динкерк и генералниот пласман.[5] На третата етапа, неговиот водечки човек Жофре Суп му помогнал и го довел до целта и обајцата завршиле еден-два победа во масовниот спринт, додека Рамон Синкелдам од Аргос-Шимано го зазел третото место.[6]

2014

Thumb
Демар на Тур де Франс 2015 го носел националниот дрес

Демар ја освоил етапна трка Четири дена Динкерк втора година по ред, при тоа освојувајќи две етапи. Исто така ги освоил бодовниот и пласманот за млад возач.[7] Исто така имал силни настапи на калдрмисаните класици, завршувајќи втор на Гент-Вевелгем и дванаесетти на Париз-Рубе.[8]

2015

Демар се борел за форма во текот на сезоната 2015, забележувајќи само една завршница помеѓу првите десет на пролетните класици со десеттото место на Омлоп Хет Ниувсблад. Меѓутоа, успеал да забележи две етапни победи на Трката околу Белгија.[8]

2016

Во јануари 2016 година, Демар ги објавил своите планови за првата половина на новата сезона, започнувајќи ја својата кампања на домашните трки Етоал де Бесеже и Средоземна трка, по што следеле калдрмисаните класици Омлоп Хет Ниувсблад, Курне-Брисел-Курне, Милано-Санремо, Гент-Вевелгем, Трка околу Фландрија и Париз-Рубе, заедно со етапните трки Париз-Ница и Три дена Де Пане.[8] Исто така, најавил дека ќе го избегне Тур де Франс и ќе се насочи на Џиро д’Италија.[9] Имал успех на Средоземната трка, каде неговата екипа ФДЖ го освоил воведниот екипен хронометар, а тој ја освоил следната етапа.[10] Демар ја освоил првата целосна етапа на Париз-Ница[11] а потоа и најголема победа во својата кариера на Милано-Санремо. Неговата победа била доведена во прашање од соперниците Матео Тосато и Ерос Капеки, кои навеле дека Демар наводно бил потпомогнат од екипното возило на искачувањето Чипреса откако паднал на 30 километри пред целта. Меѓутоа, организаторите на трката одлучиле да не преземат ништо поради отсуство на фотографски доказ или видео.[12]

2017

На 4 јули, Демар ја освоил својата прва етапна победа на Тур де Франс, а со тоа и на некоја голема трка, освојувајќи ја четвртата етапа на Тур де Франс 2017 во страотен спринт; тоа било прва етапна победа за Французин во масовен спринт од победата на Жими Каспер во 2006 година.[13] На шестата етапа, Демар бил поразен повторно на второто место од Марсел Кител, кој отпочнал точно навремено спринт на околу 200 метри до целта.[14] Демар бил болен во текот на планинската осма етапа и отпаднал многу рано. Двајца колеги биле со него и му помогнале да стигне во рамки на временското ограничување. На крајот завршил на 188. место, 37 минути и 33 секунди зад победникот на етапата.[15] Демар, кој бил втор во бодовниот пласман на почетокот на деветтата етапа, ја завршил предизвикувачката планинска етапа во група околу 40 минути зад победникот. Тоа го ставило надвор од временската граница и со тоа надвор од Тур, заедно со шест други возачи.[16]

2019

Демар бил дел од голем масовен спринт со висока брзина, кога точно го направил својот потег на помалку од 1 километар за да ја освои етапата 10 на Џиро д’Италија, негова прва етапна победа на Џиро.[17]

Remove ads

Достигнувања

2009
3. Европско јуниорско хронометарско првенство
2010
1. Етапа 4 Куп на народите
1. ГП де Переншис
5. Светско друмско првенство UCI под 23 години
2011
1. Светско друмско првенство UCI под 23 години
1. Ла Кот Пикард
Куп на народите
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. ГП де Пон-а-Марк
1. Етапа 3 Тур Алзас
2012
1. Ватенфал Класик
1. Ле Самин
1. Коле По де Лоар
1. Етапа 6 Трка околу Катар
1. Етапа 2 Рут ду Суд
4. Курне-Брисел-Курне
9. Краен пласман Три дена во Западна Фландрија
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман
2013
1. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Гран при де Денен
1. Класик РајдЛондон-Сари
1. Гран при д’Исберг
1. Етапа 4 Тур де Свис
1. Етапа 2 Енеко Тур
2. Париз-Бурж
3. Париз-Тур
9. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
9. Омлоп ван хет Хутланд
10. Ватенфал Класик
2014
1. Национално друмско првенство
1. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Трка околу Катар
1. Хале-Ингоигем
1. Фландриско првенство
1. Гран при д’Исберг
1. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Гент-Вевелгем
10. Омлоп Хет Ниувсблад
2015
Трка околу Белгија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
4. Париз-Бурж
4. Тур де Вандеја
6. Ватенфал Класик
10. Омлоп Хет Ниувсблад
2016
1. Милано-Санремо
1. Бинше-Шиме-Бинше
Ла Медитеранен
1. Етапа 1 (TTT)
1. Етапа 2
1. Етапа 1 Париз-Ница
Рут ди Сид
1. Бодовен пласман
1. Етапа 5
2. Париз-Тур
2. Бриселски велосипедски класик
5. Гент-Вевелгем
6. Гран при де Фурмје
8. Хале-Ингоигем
2017
1. Национално друмско првенство
1. Етапа 4 Тур де Франс
Критериум ди Дофине
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
Етоал де Бесеже
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Бриселски велосипедски класик
1. Гран при де Денен
1. Хале-Ингоигем
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 2 Четири дена Динкерк
2. Јуроајс Класик
6. Курне-Брисел-Курне
6. Милано-Санремо
6. Париз-Рубе
7. Тро-Бро Леон
2018
1. Краен пласман Тур Поату-Шаран ан Нувел-Аквитен
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 5
1. Етапа 18 Тур де Франс
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 8 Тур де Свис
2. Јуроајс Класик
2. Курне-Брисел-Курне
2. Гран при де Фурмје
3. Милано-Санремо
3. Гент-Вевелгем
9. Омлоп Хет Ниусблад
2019
1. Етапа 10 Џиро д’Италија
Рут д’Окситан
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 4 Тѕр де Валони
2. Краен пласман Трка околу Словачка
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
4. Париз-Тур
6. Бриселски велосипедски класик
6. Париз-Шони
8. Јуроајс Класик
9. Европско друмско првенство

Распоред на резултатите на класиците

Повеќе информации Монумент, Класици ...

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads