Загливер
место во Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Загливер (грчки: Ζαγκλιβέρι, Загливери) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.774 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина, на 45 килиметри југоисточно од Солун, во северниот дел на Халкидик, во северното подножје на планината Хортач[2]. Селото се наоѓа на надморска височина од 207 метри.
Историја

Се смета дека населбата претставува една од најстарите во регионот, која била подигната уште во II век п.н.е. од страна на грчки колонисти[3].
Во 1764 година, жителката на селото Акилина Загливерска ја прифатила маченичката смрт и денес нејзината родна куќа е музеј, а од 23 до 27 септември се одбележува празникот Акилинија.
Во XIX век Загливер е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 260 жители Турци и 900 Грци[4].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 575 Грци и работеле две грчки училишта[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1820 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1812 жители[3]. Поради тоа, селото е едно од најголемите села во околината и претставува културен центар на уште 14 околни села[3].Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.
Remove ads
Население
Во 1928 година селото броело 2707 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 2718 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 2482 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 2081 жител, во 1971 година имало 2376 жители, во 1981 година имало 2199 жители, додека во 1991 година имало 2302 жители[7]. Денеска, населението на селото е 2169 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- „Св. Ѓорѓи“ од 1910 г., прогласена за споменик на културата
- „Св. Акилина“, осветена во 1995 г.
- „Св. Петка“ од средниот век, јужно од селото, прогласена за споменик на културата
Личности

- Родени во Загливери
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads