Звечан
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Звечан — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
За истоимениот град на Косово, видете Звечан (Косово).
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 800 до 1.090 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 7,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 390,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 129,1 хектар, а на пасиштата 101,2 хектари.[2]
До селото води новоасфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Звечан било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Звечан имало 190 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Звечан имало 240 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Звечан се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Селото е мало и во 1961 година броело 294 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 120 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Звечан имало 70 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 41 Македонец, 4 Албанци и 3 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Звечан е македонско село.
Родови во селото се: Мрцевци (15 к.) и Грубановци (31 к.) и двата рода се доселени од раселениот град Закамен, според некои преданија, еднаш кога старото село Звечан пропаднало населението избегало во Закамен, па се вратиле.[14]
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Звечан се наоѓале селата Бенче, Брест, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0254 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[18]
- Црква „Вознесение Христово” — главна селска црква
Личности
- Родени во Звечан
- Дамјан Војнески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Богдан Богатиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Димко Ристески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Митре Ристески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Анѓеле Трпкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Тодор Димитриоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Никола Јованоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Рафајле Радески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Пејо Неделкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Трендафил Радески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
- Божидар Видоески (1920-1998) — јазичар и македонист
- Владо Миладиноски (1919 - 1945) — загинат во НОБ.[20]
- Трпко Кузманоски (1908 - 1943) — загинат во НОБ.[20]
Remove ads
Галерија
- Куќи во Звечан
- Куќата на Божидар Видоески
- Селските гробишта
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads