Зенфтенберг
град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зенфтенберг (германски: Senftenberg, лужички: Zły Komorow) — град во јужен Бранденбург, Германија, административно седиште на округот Горен Шпревалд-Лужица.
За други истоимени места, погледајте Зенфтенберг (појаснување).
Remove ads
Географија
Зенфтенберг се наоѓа во југозападниот дел на историската област Долна Лужица на границата со Саксонија. Неговиот центар се наоѓа северно од реката Шварце Елстер и вештачкото Зенфтенбершко Езеро, дел од синџирот на лужички езера, околу 20 километри северозападно од Хојерсверда и 35 километри југозападно од Котбус.
На исток од градот се наоѓа големо железничко товарно депо.
Историја
Зенфтенберг бил првпат споменат во декрет од 1279 издаден од Хајнрих III, маркгроф на Мајсен. Со Долна Лужица, населбата била припоена кон Кралството Чешка во 1368. Изборниот кнез Фридрих II на Саксонија го припоил Зенфтенберг во 1448, кога областа како гранично упориште на династијата Ветин била одвоена од чешката Лужица, до 1635 кога сите лужички територии паднела под власта на Саксонија со мирот постигнат во Прага. Според Виенскиот конгрес во 1815 г., Долна Лужица била припоена од Прусија и администрирана во склоп на покраината Бранденбург.
Remove ads
Меѓународни односи
Зенфтенберг е збратимен со:
Туризам
Зенфтенбершкото Езеро е популарно одредиште за дневни излети и одмори. Во 1973, поранешниот отворен јагленокоп бил официјално отворен за јавноста. Денес, езерото е познато по исклучителниот квалитет на водата. Тоа е дел од т.н. Лужичка езерска област, група на 23 вештачки езера. Околу езерото постои велосипедска патека во должина од 18 километри, која е поврзана со голем број на регионални и национални велосипедски патеки.
Remove ads
Демографија
По втората половина на 19 век, бројот на жители се зголемил поради работниците кои дошле да работат во јагленокопите во Зенфтенберг. По повторното обединување на Германија, многу жители се иселиле во западниот дел на Германија.
Remove ads
Галерија
- Стариот град на Зенфтенберг
- Реновирани станбени блокови
- Лутеранска црква во Јитендорф
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads