Зимски олимписки игри 1936
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
IV Зимски олимписки игри се одржале од 6 до 16 февруари 1936 године во Гармиш-Партенкирхен, Германија. Истата година, Германија била домаќин и на Летните олимписки игри, кои се одржале во Берлин. Тоа било за последен пат обете Олимписки игри во иста година да се одржат во иста земја.[а]
IV Зимски олимписки игри - Гармиш-Партенкирхен 1936 | |
![]() | |
---|---|
Град домаќин | Гармиш-Партенкирхен, Германија |
Број на држави | 28 |
Број на спортисти | 646 (566 мажи и 80 жени) |
Број на спортови | 3 |
Број на натпревари | 17 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 16 февруари 1936 |
Стадион |
На овие игри, за првпат во натпреварувачката програма се нашле дисциплините од спортот алпско скијање. Меѓутоа, поради аматерските правил, на учителите по скијање им било забрането учеството, бидејќи ги сметале за професионалци. Поради тоа, алпските скијачи од Франција и Швајцарија ги бојкотирале натпреварите во овој спорт.
Remove ads
Краток преглед
- Соња Хени од Норвешка го освоила третото последователно злато во уметничко лизгање во женска конкуренција.
- Ивар Балангруд освоил 3 златни (во трките на 500, 5000 и 10000 m) и 1 сребрен медал (во трката на 1500 m) во четирите дисциплини во брзо лизгање.
- Во хокеј на мраз се случило големо изненадување, кога златниот медал го освоиле репрезентативците од Велика Британија, кои во клучниот натпревар ја совладале репреентацијата на Канада со 2-1. Сепак, дури десетмина од вкупно дванаесет хокеари на Велика Британија тренирале во Канада.
- Медалите, со кои биле одликувани најдобрите на овие игри, биле најголемите и најтешките досега. Тие имале пречник со должина од 100 mm, дебелина од 4 mm и маса од 324 g.
Remove ads
Спортови
Спортистите биле одликувани со медали во 17 дисциплини во 8 спортови. Демонстративни спортови биле воена патрола (спорт сличен на биатлон) и ајсшток (спорт сличен на карлинг).
|
|
Распоред на натпревари
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
● | Церемонија на отворање | ● | Квалификациски натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонија на затворање |
Земји-учеснички
*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите
На игрите, 28 земји испратиле свои спортисти, чиј вкупен број изнесувал 646. За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Австралија, Бугарија, Грција, Лихтенштајн, Турција и Шпанија. Повторно со свои спортисти на Зимските олимписки игри учествувале Естонија, Југославија, Летонија и Холандија, кои не учествувале на игрите во 1932 година.
Remove ads
Освојувачи на медали
Поврзано
Белешки
- а Во 1940 година, Летните олимписки игри требале да се одржат во Токио, а Зимските во Сапоро, но не се одржале поради Втората светска војна, со што обете Олимписки игри не биле одржани уште еднаш во иста земја.
Надворешни врски
![]() |
„Зимски олимписки игри 1936“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads