Златорог

From Wikipedia, the free encyclopedia

Златорог
Remove ads

Во словенечкиот фолклор, Златорог (сло: Zlatorog) е легендарна бела дивокоза, или алтернативно, алпски јарец, кој имал свое царство во височините на планината Триглав, највисоката планина во Словенија и највисокиот врв на Јулијанските Алпи. Легендата е добро позната низ Словенија (особено во Корушка ),[1] како и во австриска Корушка и италијанска Фруланија-Јулиска Краина.

Thumb
Илустрација од 1899 година

Приказната за Златорогот најпрво е запишана, прилагодена во доцниот романтизам и објавена од Карел Дежман во Лајбахер цајтунг, бр. 43, на 21 февруари 1868 година.[2]

Remove ads

Приказна

Сиже на приказната напишана од Карл Дешман

Златните рогови на Златорог беа клучот за богатството скриено во планините околу Триглав. Млад и храбар ловец од долината Трента се заљубил во убава девојка и успеал да и го освои срцето носејќи и прекрасно цвеќе. Меѓутоа, еден ден дошол некој богат трговец од Венеција кој обидел да и го привлече вниманието на девојката давајќи и златен накит и танцувајќи со неа. Кога ловецот се сретнал со девојката, таа го исмеала. Ловецот бил очаен и си заминал. Убеден од друг ловец, кој бил наречен зелен ловец, тој решил да оди истата ноќ да го најде Златорогот и да пронајде богатство. Утрото го пронашле животното, го стрелале и го бркале. Животното на умирање се влечело на тесниот, карпест раб. Одеднаш момчето на опасна патека ги видело најубавите и најлековитите цвеќиња. Зелениот ловец го принудил да го фати Златорог пред да ги изеде магичното цвеќе Триглав што израснало од неговата крв, но веќе било доцна. Златорог веќе изел еден и цветот му дал огромна животна моќ. Истрчал кон ловецот, кој заслепен од блаженството на неговите златни рогови, изгубил рамнотежа и паднал од планината. Реката Соча го донела неговото тело во долината.

Remove ads

Преобликувана приказна

Приказната за Златорог била ставена во стихови од Рудолф Баумбах и објавена во 1877 година, станувајќи негово најпопуларно дело. Била прераскажана во операта од Камила и Едуард Луцерна.

Културни референци

Првиот долгометражен филм на словенечки јазик, снимен во 1931 година од Јанко Равник, бил насловен како „Во кралството на Златорог“ .

Златорог е исто така марка на пиво што го произведува Пивара Лашко.

Поврзано

  • Ајдовска девојка

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads