Знаме на Тенерифе

From Wikipedia, the free encyclopedia

Знаме на Тенерифе
Remove ads

Знаме на Тенерифе — бел салтир (или Бургундски крст или крст на Свети Андреј)[1] врз сино поле. Краците на крстот се приближно една петтина од ширината на знамето, а полето е темносино.

Кратки факти Употреба, Сразмер ...

Толкување на знамето

Не постои официјално толкување за боите на знамето, освен дека сината и белата боја со векови се идентификуваат со островот Тенерифе. Традиционално, темносината се идентификува со морето, а белата со снежните врвови на планината Теиде во зима.

Џуба II и старите Римјани островот Тенерифе го нарекувале Ниварија, што потекнува од латинските зборови nix, nivis или nives, што значи снег, и се однесувало на снегот што го покривал врвот на вулканот Теиде.

Името Тенерифе е изведено од јазикот на староседелците од Ла Палма. Тене(р) значи „планина“ или „земја“, а ифе значи „бела“ или „светла“.[2]

Remove ads

Историјат

Thumb
Мапа на островот Тенерифе, со вметнатото знаме.

Знамето најпрвин било усвоено како знаме на поморскиот регистар на поморската покраина Канарски Острови. Првично, со кралски указ, било усвоено во 1845 година и потоа, како знаме на Тенерифе, со указ издаден на 9 мај 1989 година. Указот се појавил во Официјалниот весник на Канарските Острови на 22 мај 1989 година.

Знамето на Тенерифе прилично наликува на знамето на Шкотска. Разликата е во потемната нијанса на сината боја. Постојат две популарни преданија на островот Тенерифе за причината за ваквата сличност. Едното е дека знамето било усвоено како оддавање почит за храброста на шкотските морнари во Битката кај Санта Круз. Според другото предание, највлијателните мајстори на островот Тенерифе избрале дизајн сличен на шкотското знаме, што припаѓало на Големата масонска ложа на Шкотска, притоа предложиле слично знаме за поморската покраина Канарски Острови, кое подоцна станало знаме на Тенерифе.[3]

Сината боја на знамето на Тенерифе е специфична нијанса на сино (Pantone 280)[4], што се користи и кај други национални знамиња. Некои од нив се следниве: знамето на Франција; знамето на Обединетото Кралство; знамето на Австралија и знамето на Нов Зеланд.

Remove ads

Знамиња со исто/слично потекло

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads