Ивана Туфегџиќ

македонски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia

Ивана Туфегџиќ
Remove ads

Ивана Туфегџиќ (11 февруари 1993 , Скопје) — македонски политичар и независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. Средно училиште завршила во гимназијата „Орце Николов“ – Скопје, а дипломирала политички науки на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1] На парламентарните избори во 2016 Туфегџиќ станала пратеник како кандидат на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати.[2]

Кратки факти Ивана Туфегџиќ, Пратеник во македонското Собрание ...

Туфегџиќ претходно била еден од претставниците на Студентскиот пленум во преговорите со министерството за образование за изготвување нов закон за високо образование, како и дел од протестите против законот за воведување државен испит на факултетите.[3] Како граѓански активист учествувала во низата протести на „Шарената револуција“ против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.[4]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads