Иван Несторовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Иван Несторовски (Тресонче, 17 март 1921 Скопје, 17 февруари 1976 ) — македонски геолог и редовен професор на Институтот за географија при ПМФ во Скопје.[1]

Животопис

Несторовски е роден на 17 март 1921 година, во дебарското село Тресонче. Дипломирал и докторирал по геологија на Рударско-геолошкиот факултет во Белград. Покрај педагошката активност на факултетот, каде што држел настава по општа геологија и петрографија, бил еден од пионерите на македонската геологија и многу активен во научноистражувачката дејност од областа на регионалната геологија. Зел учество во изработката на Основната геолошка карта на СФРЈ 1:100.000 (за листовите Охрид, Крушево, Гостивар), а остварил и повеќе проекти од оваа област.

Remove ads

Библиографија

Несторовски е автор на неколку дела:

  • Геолошкиот состав и тектонскиот склоп на терените на Сува Гора–Осој–Групчин–долината на Треска, „Трудови на Геолошки завод на СРМ“, св. 10, Скопје, 1963.
  • Појави на јаглен во реонот Катланово - скопско и негово значење, Скопје, 1974
  • Стратиграфска положба на слоевите од профилот „Кремен II“ на планината Стогово (Западна Македонија), Скопје, 1960
  • Претходно соопштение за стратиграфијата и тектониката од Бистра-Стогово-Кораб-Дешат (Западна Македонија), Скопје, 1960
  • Геологија на поширока околина на Лазарополе и Дебар, Скопје, 1968
  • Тектоника на планината Бистра, Стогово и Кораб со Дешат, Скопје, 1969
  • Магматски карпи на Бистра, Стогово и Дешат, Скопје, 1970
  • Инженерско-геолошки услови за градење на ХЕЦ „Бошков Мост Дебарско, Скопје, 1971
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads