Иван Петров Крајничанец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Иван Петров Крајничанец
Remove ads

Иван Петров, познат како Крајничанец — македонски преродбеник и фолклорист, како и еден од првите македонски фармацевти.

Кратки факти Роден, Починал ...

Биографиja

Роден е во 1869 г. во велешкото село Крајници. Од 1876 г. учи во село Војница, а подоцна (1882 - 1889 г.) завршува Солунската машка гимназиja „Св. Кирил и Методиј“. Меѓу неговите учители биле Григор Прличев, Трајко Китанчев, Димитар Матов и други за кои раскажува во своите спомени.[1] Во 1896 г. го објавува трудот „Свадбарски обичаи од велешко“. Во 1897 г. го завршува Фармацевтскиот факултет на Лозанскиот универзитет, Швајрација. По покана на бугарскиот бакалски еснаф во Солун во градот ја отвора аптеката „Зора“, која станува собиралиште за македонските преродбеници. Аптеката често е затворана од турските власти. Во 1906 г. е принуден да го напушти Солун и отвора аптека „Зора“ во Прилеп, која работи сè до неговата смрт во 1945 г.[2]

Во 1942 г. за време на бугарската окупација во Скопје ги издал своите мемоари „Спомени од изминатиот пат во мојот живот“ (Спомени от изминалия път в живота ми).

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads