Иван Сантаромита

италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Иван Сантаромита
Remove ads

Иван Сантаромита (италијански: Ivan Santaromita; р. 30 април 1984 во Варезе) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континенталната екипа Нипо-Вини Фантини-Фезане.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Станал професионалец со Квик Степ-Инерџетик во 2006, пред да се префрли во Ликвигас во 2008. Во 2010 ја освоил првата значајна победа како професионалец на Сетимана Интернационале Копи е Бартали, доминирајќи на етапната трка, освојувајќи ја со повеќе од една и пол минута предност пред Пшемислав Њемјец.[2]

Во 2013, Сантаромита ја освоил третата етапа на Џиро дел Трентино. Стигнал до целта со Микеле Скарпони и Паоло Тиралонго и триото било остаток од раното бегство. Сантаромита го претекнал двоецот за прва негова победа од 2010.[3] Сантаромита го напуштил Аксент Џобс-Ванти[4] на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Орика-ГринЕЏ за сезоната 2014.[5]

Во 2014 година, Сантаромита бил првиот возач кој се повлекол од Вуелта а Еспања на седмата етапа откако скршил прст при пад.[6]

Во 2015 година завршил на шестото место во генералниот пласман на Трката околу Норвешка.[7]

Remove ads

Достигнувања

2007
10. Краен пласман Трка околу Џорџија
2010
1. Краен пласман Сетимана интернационале Копи е Бартали
2013
1. Национално друмско првенство
1. Етапа 3 Џиро дел Трентино
5. Гран Премио дела Коста Етруски
9. Џиро ди Ломбардија
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
2015
6. Краен пласман Трка околу Норвешка
2016
7. Краен пласман Тур де Лангкави
2017
9. Краен пласман Трка околу Словенија
9. Џиро дел’Апенино
2018
4. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads