Игор Андреев
руски тенисер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Игор Валереевич Андреев ( руски: Игорь Валерьевич Андреев; роден на 14 јули 1983 година во Москва ) е поранешен руски професионален тенисер кој го постигнал најдобриот пласман во сингл на 3 ноември 2008 година кога го зазел 18-тото место на АТП листата.

Remove ads
Кариера
Почнал да игра тенис на седумгодишна возраст во Москва, во спортскиот центар Спартак. Кога имал 15 години, се преселил во Валенсија каде го усовршил својот тениски талент. Тој сметал дека форхендот е неговиот најдобар удар, а површините на кои најмногу сакал да настапува биле земја и тврд гринсет (англиски: GreenSet). Негов идол за време на неговото растење бил Андре Агаси . Тој ја освоил наградата кам-бек играч во 2007 година.[1]
Во својата кариера освои три титули во сингл ( Валенсија [2], Палермо [3] и Москва [4] ) и една во двојки. Тој е познат како последниот играч кој го победил Рафаел Надал на оваа површина пред познатата Надалова серија на земја од 81 последователен триумф.[5][6]
Најголемиот успех го постигна на Гренд слем турнирите на Ролан Гарос во 2007 година кога се пласираше во четвртфиналето откако го победи Маркос Багдатис.[7]
Тој беше член на Дејвис купот на руската репрезентација, во која победи во решавачките натпревари во 2007 година против Чиле [8] и Германија [9] кои репрезентацијата на Русија ги доби со 3:2, со што се пласираше во финалето на Светската група Дејвис куп во 2007 година.
2013 година објави повлекување од професионалниот тенис, наведувајќи ги бројните повреди како главна причина што довела до оваа одлука.[10]
Во април 2018 година тој беше назначен за селектор на ФЕД Купот на руската репрезентација по повлекувањето на Анастасија Мискина од таа позиција.[11][12]
Remove ads
Приватен живот
Таткото на Игор, Валериј е стопанственик, а неговата мајка Марина е домаќинка. Тој има еден помал брат, Никита, кој исто така игра тенис. Хокејот се издвојува од своето хоби и неговиот омилен тим е ХК Динамо Москва. Тој зборува на три јазици: руски, англиски и шпански.[1]
Андрејев беше во долга врска со руската тенисерка Марија Кириленко, и заедно тие неколку пати настапија на гренд слем турнирите во конкуренција на мешани двојки.[13]
Remove ads
АТП финале
Синглови: 9 (3-6)
Парови: 2 (1-1)
Други финалиња
Тимски натпревари: 2 (0–2)
Remove ads
Користена литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads