Илија Јованов
македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Илија Трипков Јованов (24 мај 1924 во Страцин — 16 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Потекнува од сиромашно земјоделско семејство, поради што родителите му биле принудени да бараат опстанок во Куманово. По завршувањето на четиригодишното основно училиште, почнува да работи како аргат по туѓи имоти ѝ уште како дете ја почувствувал тежината на животот. По ослободувањето на Куманово, тој стапил во редовите на Треттата македонска ударна бригада - втора чета во вториот баталјон. Земал учество во борбите за ослободување на Бујановац, Прешево и други места. На Сремскиот фронт, тој бил во извидничка единица во која успешно ги извршувал поставените задачи. После една таква извидничка акција, на враќање во својата единица заедно со уште еден соборец, нагазил на мина поставена од непријателот, по што починал на самото место, на 16 април 1945 година.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads