Илија Коцевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Илија Коцевски - Јанко (14 ноември 1918 во Ваташа) — македонски партизан, член на Народноослободителната војска на Македонија, носител на Партизанска споменица 1941.[1]

Потекнува од семејството Поп Ѓорѓиеви и е четврто од петте деца на Глигор и Лефтерија.
Remove ads
Животопис
Потекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште во Ваташа, а прогимназија во Кавадарци. Во младинското и револуционерното движење во своето родно село се вклучил по иницијатива на Ристо Џунов со кого биле врсници. Во 1941 година станал член на СКОЈ. Бил вклучен во сите активности на ваташката револуционерна организација околу подготовките за исфрлање на партизански одред.[1]
Во мај 1943 година бил меѓу првите борци на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”. На 14 мај како член на една десетина учествувал во првата акција на одредот во селото Ресава во која имало судир со бугарската полиција. По војната работел во Министерството за внатрешни работи на Македонија. Носител е на Партизанска споменица 1941 година.[1]


Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads