Ристо Џунов

македонски економист, национален деец, првоборец, државник, општественик и дипломат From Wikipedia, the free encyclopedia

Ристо Џунов
Remove ads

Ристо Џунов (1 април 1919 во Ваташа23 февруари 2005 во Скопје)[1]македонски економист, национален деец, првоборец, еден од организаторите на НОБ во Тиквешијата, државник, општественик и дипломат.[2][3]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Завршил основно училиште и нижа гимназија во Ваташа и Кавадарци, a гимназија во Горњи Милановац и Крагуевац во Србија, а студирал на Белградскиот универзитет, каде што бил активист на Културно-просветното друштво „Вардар“ и на МАНАПО.[2][3]

Станал член на Сојузот на комунистите на Југославија во 1940 година. Во мај 1943 активно учествува во подготовките за формирање на НОПО „Добри Даскалов“ и е еден од првите негови борци. Подоцна, станал раководител на партиската техника на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и секретар на Околискиот народен одбор во Кавадарци во 1944 година.[2][3] Бидејќи имал афинитет за работа со печатење на материјали бил одговорен за работата на партиската техника уште во 1941 година. Во печатницата биле издавани летоци и неколку илегални весници како Воено коменике и Марксистички листок.[3]

Remove ads

После ослободувањето

По завршувањето на Втората светска војна, Џунов извршувал бројни општествени и државни функции: републички и сојузен пратеник, член на Извршниот комитет на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретар во Владата на НРМ, секретар на Президиумот на Собранието на НРМ во периодот 1949-1951, потпретседател на Извршниот совет на НРМ, претседател на Задружниот сојуз на Македонија, потпретседател на Задружниот сојуз на Југославија, член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија во периодот 1958-1962, потпретседател на Сојузната конференција на ССРНЈ во периодот 1977-1982 година, секретар за труд и социјална политика на Сојузниот извршен совет, претседател на СЗБ на НОВЈ, член на Претседателството на Централниот комитет на СКМ и амбасадор на СФРЈ во Кралството Шведска во периодот 1971-1978.[2][3]

Thumb
Партизанската споменица 1941 - на која е носител Ристо Џунов.

Носител е на Партизанска споменица 1941.[1][2][3] Македонското здружение за заштита при работа, постхумно му ја додели награда за животно дело на полето на Безбедност и заштита при работа.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads