Илија Секулоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Илија Секулоски
Remove ads

Илија Трајанов Секулоски ( 1920 во Долно Добреноец 1944 во Лисичани) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Бидејќи немал можност да се школува, се занимавал со земјоделие. Како младинец се приклучил во воспитните групи во селото, а со доаѓањето на Кичевско-мавровскиот партизански одред во нивното село, Илија стапил во Одредот. Учествувал во повеќе дејствија на Одредот, а со основањето на Првата македонско-косовска бригада, тој станал нејзин борец. Со бригадата, тој заминал за егејскиот дел на Македонија, во познатиот Февруарски поход. По борбите кај Богомила, со отцепениот дел од Бригадата, со групата на Тихомир Шарески, тргнал на пат за Копачка и Дебрца, но останал покосен од „белата смрт“, на гребенот над селото Лисичани, Кичевско во февруари 1944 година.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads