Илиџиево
село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Илиџиево или Јајлаџиево (грчки: Χαλκηδόνα, Халкидона; до 1926 г. Γιαλιατζίκ, Јалјаѕик или Γιαλατζίκ, Јлаѕик[1]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.094 жители (2011).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Солунското Поле, 31 км од Солун и 19 км од Пазар (Ениџе Вардар). Лежи на надморска височина од 20 м.[2]
Илиџиево е важна сообраќајна раскрсница од каде што се дели главниот пат кој води од Солун кон југозападна Егејска Македонија. Од овде водат три краци: еден за Катерина, друг за Бер и Кожани и трет за правецот Пазар-Воден-Лерин.[2]
Историја
Според Тодор Симовски, во селото живееле претежно Македонци и помал број Турци.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. местото броело 497 жители, но погрешно го наведува населението како турско.[2][3] Според Христо Силјанов след Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[4] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Илинџиево (Ilindjievo) имало 320 жители, сите Македонци.[5][6]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога населението броело 253 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел Илиџиево како чисто македонско село со 30 куќи.[2], а во 1920 г. населението се намалило на 188 жители, сите Македонци.[2] Во 1926 г. Илиџиево е преименувано во Халкидона. Во 1920-тите грчките власти почнале да доселуваат Грци од други земји,а па така во 1928 г. имало 1.191 жител, од кои дури 922 (247 семејства) биле доселеници.[7] Според евиденцијата од 1928 г. доселениците го имале следново потекло:
- 150 семејства од Кадиќој (Халкидон) во Источна Тракија
- 40 семејства од Бургас, Бугарија
- 30 семејства од Ениќој (Неохори), Афионкарахисарско, Турција
- 20 семејства од подрачјето на Цулу, Мала Азија
- 7 семејства од Бурса
Поради добрата положба и плодната почва добиена со пресушувањето на Ениџевардарското Езеро, Илиџиево во 1940 г. пораснало на 1.867 жители, а по Граѓанската војна почнало да наликува на гратче, поради што продолжил растот на населението.[2]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Илиџиево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Илиџиево, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Илиџиево, каде е единствено населено место.
Стопанство
Земјиштето во атарот на Илиџиево важи за многу плодно. Се одгледуваат големи количества на овошје, памук, житарки и други земјоделски производи.[2]
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Св. Петар и Павле од XIX век
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads