Име на Југославија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Името „Југославија“ е мешовит збор составен од зборовите „југ“ и „славија“ што би значело земја на Словените. Според тоа преводот на „Југославија“ би бил „Јужна Славија“ или „земјата на Јужните Словени“. Зборот ги обединува шесте поврзани јужнословенски народи на Југославија, Бошњаци/Муслимани по националност, Македонци, Словенци, Срби, Хрвати и Црногорци. Сепак целосното официјално име на државата, варирало доста драстично од периодот 1943-1992.[1]

Remove ads

Еволуција на името

Првата Југославија, била формирана под името Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Во јануари 1929 година, кралот Александар I, вовел диктатура во земјата и ја преименувал во Кралство Југославија, и со тоа за првпат го употребил овој термин, кој дотогаш неофицијално се употребувал. Откако окупацијата и ослободувањето на кралството во Втората светска војна, новата југословенска држава била прогласена в 1943 година и именувана како Демократска Федеративна Југославија (скратено ДФ Југославија или ДФЈ), со кое име го оставила прашањето за република или кралство отворено. Во 1946 година, се преименувала во Федеративна Народна Република Југославија (ФНР Југославија или ФНРЈ)[2], а веќе во 1963 станала Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФР Југославија или СФРЈ). Најчесто кога се мисли на земјата се употребува последното официјално име (Социјалистичка Федеративна Република Југославија) кое останало најголем период како официјално име на оваа земја. Од трите официјални југословенски јазици, српскохрватската и македонската варијанта за името на земјата била иста, додека словенечката се разликувала малку во спелувањето на зборот „Социјалистичка“:

Поради големината на името често биле користени кратенки кои се однесувале на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, иако државата најпозната била само како „Југославија“. Најчестата и најупотребувана кратенка е „СФРЈ“, иако „СФР Југославија“ исто така било употребувано во официјална улога, посебно од страна на медиумите.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads