Инанли (Валовишко)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Инанли (Валовишко)map
Remove ads

Инанли или Долно Инанли (грчки: Κάτω Αμπέλα, Като Амбела; до 1926 г. Κάτω Ινανλή, Като Инанли[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 209 жители (2021).

Кратки факти Инанли Κάτω Αμπέλα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во западното подножје на планината Шарлија, на 2 км јужно од градот Валовишта, на надморска височина од 140 м.[3] Се дели на две маала - Горно и Долно Инанли.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Инанли бил турско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Инанли (Inanli) имало 16 домаќинства со 40 жители муслимани.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Инанли имало 260 жители Турци.[5]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 273 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 122 лица.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 44 бегалски семејстви (вкупно 172 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Като Амбела (Κάτω Αμπέλα).[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 326 жители.[3]

Remove ads

Стопанство

Населението произведува памук, жито и други земјоделски производи.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Валовишта, во кој влегуваат истоимениот град и селата Валовишка Бања, Герман, Елешница и Герман.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads