Исар (Студеничани)
археолошко наоѓалиште кај Студеничани, Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Исар или Кале — археолошко наоѓалиште кај скопското село Студеничани, Општина Студеничани. Претставува градиште (опидум) од раната антика.
На 1 км североисточно од селото и на 1 км северозападно од Морани, на висока тераса се најдени остатоци од бедем. Акрополот, кој е ограден со ѕид, има неправилен облик и димензии од 150 × 100 м. Со сондажните ископувања во 1953 г. се откриени археолошки предмети од коска, камен и метал и многубројни фрагменти од керамички садови.[1]
Наодите се чуваат во Музејот на Град Скопје.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads