Исмаил Ќемали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Исмаил Ќемали Беј Влора (албански: Ismail Qemal Bej Vlora, турски: İsmail Kemal Vlora), или попознат како Исмаил Ќемали (Ismail Qemali, İsmail Kemal Bey) бил истакнал албански политичар и дипломат. Исмаил Ќемали е една од најзначајните фигури во времето на независноста на Албанија. Ќемали се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претеседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата.
Remove ads
Животопис

По завршувањето на гимназијата во Јанина, Ќемали во 1859 година се преселил во Истанбул, каде почнал да работи во државната управа на Османлиското Царство, при што напредувал во кариерата и бил управител на неколку балкански градови.
По Младотурската револуција станал пратеник (од изборната единица Белград во Албанија) во обновениот парламент на Османлиското Царство. Бил член на Либералната партија. Кога во април 1909 година дошло до преврат против младотурците, Ќемали кратко време бил претседател на Отоманскиот парламент.
Ќемали одиграл најважна улога во прогласувањето на независноста на Албанија на 28 ноември 1912 година. По државниот удар, кој на 22 јануари 1914 година го извел Есад Паша Топтани, живеел во егзил. Умрел во Перуџа од срцев удар.
Remove ads
Исмаил Ќемали како премиер
Во времето кога Исмаил Ќемали бил премиер, кабинетот на министри бил следниов:
- Премиер: Исмаил Ќемали
- Генерален секретар: Ќемал Караосмани
- Заменик премиер: Никола Качори
- Министер за надворешни работи: Исмаил Ќемали, а потоа Мифти Либохова
- Министер за внатрешни работи: Мифти Либохова, потоа Есад Паша Топтани
- Министер за војна: Мехмет Паша Дерала
- Министер за финансии: Ади Топтани
- Министер за правда: Петро Пога
- Министер за образование: Луиѓ Гуракуќи
- Министер за јавни услуги: Митхар Фрашери
- Министер за земјоделство: Пандели Цале, потоа Ќемал Караосмани
- Министер за пошта и телеград: Леф Носи
Remove ads
Користена литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads