Источноевропска Низина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Источноевропска Низина
Remove ads

Источноевропска Низина (во Русија наречена Руска Низина;[1][2] историски назив Сарматска Низина)[3] — пространа рамница источно од Средноевропската Низина,[4] која опфаќа неколку висорамнини кои се протегаат околу 25 степени географска должина на исток. Го вклучува најзападниот дел на Волинско-подолското Возвишение, Средноруското Возвишение, а на источната граница и Приволшкото Возвишение. Тука се сместени неколку големи речни сливови како они на Днепар, рамницата Ока-Дон и сливот на Волга. Долж најјужната точка на Источноевропската Низина се наоѓаат венците Кавказ и Кримски Планини.[4] Овие рамни простори ја сочинуваат Големата Европска Низина заедно со Средноевропската (Северноевропска) Низина (северозападна Франција, Холандија, Германија до североисточна Полска).

Thumb
Опфат на Источноевропската Низина

Самата Источноевропска Низина, покрај Европска Русија, се протега во балтичките земји (Естонија, Латвија и Литванија), Молдавија, Белорусија, Украина, југоисточна Романија. Во најширока смисла, најјужниот дел е Дунавската Рамница во северна Бугарија, (вклучувајќи ги Лудогорието и Јужна Добруџа).[5]

Низината зафаќа околу 4.000.000 км2 и има просечна надморска височина од 170 м in elevation. Нејзина највисока точка е на Валдајското Возвишение (346,9 м.н.в.)

Remove ads

Граници

Регионална поделба

  • Белорусија
    • Белоруски Срт
    • Полесје (Белорусија, Украина)
  • Бугарија
    • Дунавска Рамница (јужен дел на Долнодунавската Низина)
  • Естонија[1]
  • Казахстан (европски дел)
  • Латвија[1]
  • Литванија[1]
  • Полска[1]
    • Розточе
    • Мазовска Низина
  • Романија / Молдавија
    • Молдавско Возвишение (Молдавија, Романија, Украина)
    • Влашка Низина (северен дел на Долнодунавската Низина)
  • Русија (европски дел)
    • Тимански Срт
    • Северни Ували
    • Мариска Низина
    • Валдајско Возишение
    • Смоленско–московско Возвишение (Русија, Белорусија)
    • Средноруско Возвишение (Русија, Украина)
    • Очко-донска Рамница
    • Приволшко Возвишение
    • Обшчи Сирт
    • Прикасписка Низина
  • Украина
    • Надијанска Котлина
    • Волинско-подолско Возвишение
      • Подолско Возвишение
    • Полеска Низина
    • Приднепарско Возвишение
      • Киевски Планини
    • Средноруско Возвишение
    • Прицрноморска Низина
    • Приазовско Возвишение / Донечки Срт
Remove ads

Други поважни земјишни облици

Ова се други поважни земјишни облици во рамките на Источноевропската Низина (наведени од север кон југ).

  • Северноруска Низина
  • Блатичко Возвишение
  • Белоруски Срт
  • Кумско–маничка Депресија
  • Бугулманско-белебеевско Возвишение
  • Вјатски Ували

Најголеми реки

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads