Казанџи Маала

From Wikipedia, the free encyclopedia

Казанџи Маалаmap
Remove ads

Казанџи Маала (грчки: Στάγιρα или Στάγειρα, до 1924 г. Καζαντζή Μαχαλά, Казанѕи махала[2]) — село во Општина Аристотел во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стагира бил дел од општина Стагира-Акант [3].

Кратки факти Казанџи Маала Στάγιρα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Казанџи Маала се наоѓа на 34 километри северно од гратчето Ерисово и на 73 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик. Сместено е во јужните падини на планината Пијавица, на надморска височина од 481 метар.

Историја

На десетина километри на север се наоѓа античкиот град Стагира — родно место на филозофот Аристотел.

Црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во селото била изградена во 1814 година[4][5][6].

Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство.

Според податок од 1878 г. Казанџи Маала имало 240 жители.[7]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година селото било преименувано во Стагира[8], според античкиот град.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 370 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 393 жители.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 452 жители, додека во 1940 година селото броело 586 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 523 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 680 жители, во 1971 година имало 587 жители, во 1981 година имало 479 жители, додека во 1991 година имало 464 жители[9]. Денеска, населението на селото е 372 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Сава Констамонитски (? - 1821) — преподобен и новомаченик

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads