Пијавица (планина)
планина на Халкидик, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пијавица (грчки: Στρατόνικο, старо: Πιαβίτσα, Μπιάβιτσα) — планина на Халкидик, Егејска Македонија.[1] Највисок врв е Манџука со 918 м.
Remove ads
Опис
Планината е сместена во североисточниот дел на Халкидичкиот Полуостров. Претставува долга ниска планина која почнува западно од селото Извор.[1]
На картите на Кондогонис (1914) и на Грчката военогеографска служба од 1927 г. планината е обележана како Бијавица или Стратоникон (Μπιάβιτσα ή Στρατόνικον), а на поновите карти на службата (1934 и 1949) е Пијавица или Стратоникон (Πιαβίτσα ή Στρατόνικον).[1] На север реките Мавролакос и Докос ја двојат од планината Суглљани, а на југ се граничи со Холомонда.
Карпите се сочинети од гнајсови и амфиболити. Планината е покриена со шуми од бука, даб, костен и чинар, и вклучена е во мрежата на заштитените подрачја Натура 2000.[1]
Искачувањето трае околу еден час од планинскиот пат од селото Олимпијада (10 м) кон Варвара (560 м) или Ново Село (570 м).[1]
Remove ads
Врвови
Ова е список на врвовите на Пијавица подредени по висина:
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads