Калдирец
село во Општина Студеничани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калдирец — село во Општина Студеничани, Скопско. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Торбешија, на северните падини на Голешница. Лежи од левата страна на Кадина Река, на надморска височина од 740 м.[3]
Историја
Калдирец не е заведен како одделно село во разните пописи и прегледи во XIX и почетокот на XX век, што значи дека веројатно бил маало на неко е од околните села.
Население
На пописот од 1953 г. во селото се заведени 145 жители. Од нив 109 биле „Албанци“ и 36 „Турци“, но речиси сигурно е дека највеќето од нив биле Македонци-муслимани (Торбеши). Ситуацијата се променила во 1961 г. кога населението опаднало на само 40 жители, од кои 35 „Албанци“ и 5 „Турци“. Во текот на 1960-тите селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Калдирец немал ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads