Голешница
планина во средна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Голешница — средновисока планина во средишниот дел на Македонија.[1] Всушност му припаѓа на источниот дел од масивот Мокра Планина, но од него е морфолошки одвоена. Се наоѓа помеѓу горните делови од речните долини на Кадина Река и Тополка, со правец на протегање запад–исток. Зафаќа површина од 197 км2. Највисоки точки се врвовите Лисец (1.935 м) и Сипичан (1.789 м). На север преку својата огранка Османбежица (1.730 м) и гребенот Дрмос се спојува со Китка, додека на запад преку Сипичан директно се поврзува со главниот јазол на целиот масив односно со Бегово Поле и врвовите Пржал и Солунска Глава. Самото име ни покажува дека е сиромашна со шуми, односно дека е обесшумена, што придонело да се развие интензивна рецентна ерозија. Таа е потпомогната и со големите наклони кои се карактеристични за северните и јужните падини.[2]
Remove ads
Галерија
- Поглед на планината Голешница со највисокиот врв Лисец
- Поглед на сртот на Голешница од врвот Солунска Глава
- Поглед на југозападните падини од највисокиот врв Лисец
- Поглед на највисокиот врв Лисец од Османбежица
- Долината на Кадина Река на Голешница
- Карпест гребен на северната падина под врвот Лисец
- Поглед кон подножјето на планината во долното течение на Кадина Река
- Шума на источната падина под врвот Лисец
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads