Каменичка Река
река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каменичка Река или Каменица[1] — река во источниот дел на Македонија и десна притока на Брегалница.
Remove ads
Географија
Течение
Реката извира на планината Осогово, под врвот Руен, на надморска височина од 1.840 м. Нејзиното течение продолжува покрај рудникот Саса, низ селото Саса, покрај селото Моштица и низ градот Македонска Каменица. Реката се влева во Брегалница на надморска височина од 445 м, преку вештачкото езеро Калиманци, каде што се образува мала делта.[2][3]
Хидрографија
Вкупната должина на реката изнесува 23 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 115 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.840 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 445 м, така што релативниот пад изнесува 60‰.[2]
Во водите на реката е потврдено присуството на голем број опасни и штетни хемиски елементи, како што се: алуминиум, цинк, кадмиум, кобалт, манган, никел, олово и железо. Средните количества на алуминиум, кобалт, никел и железо се под МДК за води со квалитет од I-II класа, средните количества на кадмиум, манган и олово се под МДК за води со квалитет од III-IV класа, а средното количество на цинк е со трипати повисока вредност од МДК за води со квалитет од III-IV класа.[4]
Геоморфологија
Сливното подрачје на Каменичка Река се смета за најерозивниот слив во Македонија со годишно производство на ерозивен материјал (нанос) од 151.167 W-м3. Како последица на ерозијата во сливот и преносот на ерозивниот материјал, во долниот тек на притоките се образувани огромни делувијални конуси од нанос,[5] а прекумерната ерозија исто така довела речното корито на Каменичка Река, слично како она на Радањска Река, да биде подигнато за 10-15 м.[6] Со цел да се задржи големиот нанос, во главното речно корито и притоките се изградени над 50 прегради.[7]
Remove ads
Флора и фауна
Во тресетиштата околу изворите на реката е утврдено постоењето на неколку нови или ретки видови на дијатомејски алги од родот Евнотија.[8]
Стопанство
Рударство
Покрај течението на реката е сместен рудникот „Саса“, а во долината на реката во тоа подрачје е сместено и истоименото јаловиште коешто е долго 1,5 км, широко 200 м и високо од 40-60 м.[9]
Енергетика
Во близина на селото Саса, по течението на реката е изградена мала хидроелектрана со инсталирана моќност од 1.200 kW.[10]
Галерија
- Каменичка Река низ Македонска Каменица
- Течението близу вливот на Моштичка Река
- Долното течение на реката
- Реката кај рудникот Саса
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads