Каменц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) — град во Лужица (источна Саксонија), Германија. Сместен е во округот Бауцен и брои 18.243 жители. Се наоѓа 40 километри североисточно од Дрезден и околу 30 километри северозападно од Бауцен (Будишин).
Градот е родно место на познатиот драматург, филозоф и поет Готхолд Ефраим Лесинг (1729-1781).
Remove ads
Историја
Кон крајот на XII век на местото на градот е изграден замок за крајпатната стража како обезбедување на древниот пат Вија Регија и реката Шварце Елстер. Ова бил важен трговски пат помеѓу Белгија и Шлеска.
Градот за првпат е споменат во 1225, а во 1319 стекнал управна независност. Во 1346 Каменц и пет други града го склучиле т.н. „Сојуз на шест горнолужички града“ за да се заштитат од пљачкосувањата на околните вооружени чети. Во 1707 голем дел од стариот град е уништен во катастрофален пожар.
Remove ads
Знаменитости
Театри
- Градски театар (Stadttheater)
- Хутбершка сцена (Hutbergbühne Kamenz, на отворено, со капацитет до 10 000 гледачи)
Музеи
- Музеј на Западна Лужица (Museum der Westlausitz)
- Лесингов музеј (Lessingmuseum)
Објекти
- Градска куќа (изгр. 1848-1849) во неоренесансен италијански стил
- Андреината фонтана (Andreasbrunnen) на пазарниот плоштад
- Црвена кула, Калуѓерски ѕид (Mönchsmauer), Pichschuppen (делови од средновековниот градобран)
- Главна протестантска црква Св. Марија (изгр. 1275-1479 во доцноготски стил)
- соборна црква Св. Ана (1499)
- катехистичка црква (1358)
- споменик на Лесинг (местото кајшто се наоѓала родната куќа на Лесинг)
- Лесингов дом (Lessing-Haus)
Настани
- Трка по планината Хутберг (Blütenlauf auf dem Hutberg)
- Лесингови денови (јануари и февруари)
- Ден на музиката (21 јуни)
- Шумски фестивал (Forstfest) седмицата на 24 август (Св. Апостол Вартоломеј)
- Фестивал на носот (Kamenzer Nasenfest) со т.н. „нос-пазар“ (3 октомври)
- карневал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads