1225
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1225 (MCCXXV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1225 година од новата ера, 225. од вториот милениум, 25. од XIII век и шеста од 1220-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6733 и 6734 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5975 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4985 и 4986 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1978.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1225 година се протега во 3861 и 3862, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3921 и 3922 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1768. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 621 и 622 исламска година.
Remove ads
Настани

- Тевтонските витези се протерани од Трансилванија, поради нивната закана за освојување од Унгарија.
- Големата повелба е потврдена (по третпат) од Хенри III[1]
- Илтутмиш, султанот на Делхи, го одбива Монголскиот напад.
- 27 јули - изградена е катедралата во Висби.
- За првпат се споменува округот Герсдорф.
- За првпат се споменува Кроствиц.
- За првпат се споменува Минхеберг.
- Основан е францискански манастир во Кириц.
- Царот Фридрих II одлучил да замине во крстоносен поход, се оженил по вторпат, со Изабела, ќерка на ерусалимскиот крал Јован Бријен, по кое се прогласил и самиот за ерусалимски крал.
- Во Монферато, Вилијам VI го наследил неговиот син Бонифациј II.
- Ослободен е Валдемар Дански според соборот во Франкфурт. Според договорот, Валдемар Дански морал да учествува во крстоносниот поход и да го предаде управувањето на кралството.
- Епископот на Рига Алберт, од страна на германскиот крал Хенрик, право над Маркгрофовија Летонија и Естонија.
Remove ads
Родени
- Тома Аквински, италијански теолог (п. 1274)
- Света Изабела Француска, француска принцеза, ќерка на Луј VIII
- Давид VI Грузиски, крал на Грузија (п. 1293)
- Михаил VIII Палеолог, византиски цар (1282)
- непозната дата
- Јован XI Цариградски, вселенски патријарх од 2 јуни 1275 година до 26 декември 1282.
- Папа Инокентиј V, римски папа од 21 јануари до 22 јуни 1276.
Починале
- 18 февруари - Хју Бигод, трет Ерл од Норфолк (р. 1186)
- 5 октомври - ел-Насир, абасидски калиф во Багдад
- 28 октомври - Џиен, јапонски поет и историчар (р. 1155)
- 7 ноември - Енгелберт II фон Берг, архиепископ во Келн
- непозната дата
- Габдула Челбир, владетел на Волшка Бугарија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads