Камерон Вурф

австралиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Камерон Вурф
Remove ads

Камерон Вурф (англиски: Cameron Wurf; р. 3 август 1983 ) — австралиски професионален триатлонец и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1] Тој бил национален првак и бил олимписки веслач и ја претставувал Австралија на Летните олимписки игри 2004 во дисциплината лесни парни двојки за мажи под 23 години.[2]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Thumb
Камерон Вурф на Тре Вали Варезине 2010
Remove ads

Кариера

Веслање

Вурф е роден во Хобарт, Вурф учел во училиштето „Хатчинс“ во Хобарт, каде започнал со веслање. Го освоил државното првенство во 2001 година.[3]

На 18 години, Вурф ја претставувал Австралија во дисциплината четворки без кормилар на Светското јуниорско првенство во веслање 2001 година во Дисбург, Германија, каде австралискиот екипаж завршил седми.[4] Потоа на Светското првенство во 2003 година во Белград настапил во дисциплината лесни четворки без кормилар, каде го освоил златниот медал.[4]

Од 2004 до 2006 година, Вурф бил избран да ја претставува Тасманија во лесна четворка без кормилар на купот Пенрит на меѓудржавната регата во рамки на Австралиското првенство во веслање. Сите три од тасманиските екипажи биле победоносни[5]

На Летните олимписки игри 2004, Вурф настапил во дисциплината лесни парни двојки и завршил на шеснаесеттото место.[4][6] Продолжил да ја претставува Австралија на највисоко ниво во веслање до 2006 година, кога настапил на светското првенство. На Светското првенство 2005 во Гифу настапил во дисциплината лесни парни двојки освојувајќи го дванаесеттото место, а на првенството во Итон Дорни во 2006 година настапил во двојки без кормилар, освојувајќи го четвртото место. Тоа бил последен репрезентативен настап во веслање за Вурф.[4]

Велосипедизам

Вурф ја напуштил екипата Чемпион Систем на крајот на сезоната 2012, приклучувајќи се на екипата на почетокот на сезоната[7] – и се приклучил на Канондејл за сезоната 2013.[8]

Во февруари 2015 година, откако завршил трет на хронометарот на друмските првенства на Океанија во 2015 година, Вурф објавил дека ќе земе слободна година од професионалниот велосипедизам, објаснувајќи дека повеќе не се пронаоѓал во спортот.[9]

Триатлон

Во периодот на слободна година, Вурф настапил во триатлон, завршувајќи деветти во генералниот пласман и ја освоил својата возрасна група (30-34) на неговото деби во ајронмен во Вислер во јули 2015 година.[10]

Вурф го имал својот прв професионален триатлонски настап на првенствата на Азија и Тихи Океан во ајронмен во Кернс во јуни 2016 година.[11] Во декември 2016 година објавил дека ќе настапува за Сајленс Про Сајклинг во сезоната 2017, комбинирајќи го велосипедизмот со настапите во ајронмен.[12] Меѓутоа, настапил само на националните друмски првенства за својата екипа.[12]

Во 2022 година било објавено дека Вурф ќе го има својот прв настап во Супер триатлонската лига во Малибу. Таму завршил на 18. место, откако бил елиминиран во првата етапа, меѓутоа изразил интерес да се врати во лигата во иднина.[13]

Враќање во велосипедизам

На 31 јануари 2020 година, Вурф потпишал со Тим Инеос за да го пополни местото на неодамна пензионираниот Васил Кириенка.[14]

Remove ads

Достигнувања

2007
1. Игри на Океанија - поединечен хронометар
1. Хроно Шампеноа
9. Краен пласман Хералд Сан Тур
2011
5. Краен пласман Трка околу Турција
2012
2. Краен пласман Трка околу езерото Кукунор
4. Краен пласман Трка околу Кина II
7. Краен пласман Трка околу Јапонија
2014
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
8. Краен пласман Трка околу Тајван
2015
Друмски првенства на Океанија
3. Хронометар
6. Друмска трка

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads