Капа (новела)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

„Капа“ (јапонски: 河童) — новела на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава од 1927 година.

Содржина

Пациентот број 23 од душевната болница во едно село покрај Токио раскажува за своето необично доживување: Пред три години, пешачејќи низ густата магла во една долина, тој здогледал еден демон од видот капа и започнал да го брка по што паднал во една јама. Кога се освестил, тој се нашол во земјата на капите — суштества високи околу еден метар, голи, со клунови и со кенгурски торби на стомаците, способни да ја менуваат бојата според околината. Таму, тој стекнал повеќе пријатели, како Баг (капата што го бркал), докторот Чак, студентот Лап, капиталистот Гаел, филозофот Маг и поетот Ток. Земјата на капите е слична на човечкиот свет, но со некои необични појави: женските капи ги ловат мажјаците, бебињата самостојно одлучуваат дали да се родат или не и слично. Земјата се одликува со голем индустриски развој при што невработените ги убиваат и го јадат нивното месо. Во земјата има политички партии, но власта ја контролира капиталистот Гаел, а во минатото, земјата на капите водела војна со земјата на видрите. Во земјата на капите има и религија, а пациентот го посетил најголемиот храм на главната религија — модернизмот при што ги здогледал статуите на светците Стриндберг, Толстој, Ниче, Вагнер итн. Еден ден, поетот Ток, незадоволен од своето творештво, извршил самоубиство, а подоцна се појавил неговиот дух со кого разговарала група од 17 членови на Друштвотот за психички истражувања. По немилиот настан, посетителот посакал да се врати во човечкиот свет и за таа цел го посетил домот на еден старец со детски изглед, кој му го покажал излезот од земјата на капите. По враќањето во својот свет, пациентот многу тешко се приспособувал на животот со луѓето и поради тоа бил затворен во душевната болница. Тој тврди дека еден ден го посетил капата Баг, а потоа редовно го посетувале и другите капи.[1]

Remove ads

За делото

Сатиричната новела „Капа“ (на јапонски, „капа“ се изговара со две „п“ и значи „дете на реката“), заедно со пет други дела, е напишана во периодот кога Акутагава веќе цврсто одлучил да изврши самоубиство и веројатно на тоа се должи смелото исмејување на институциите на јапонското општество. Поради влијанието на Џонатан Свифт, познавачите на јапонската книжевност ова дело го нарекуваат „Гуливер во кимоно“. Според зборовите на професорот на Универзитетот во Осака, Кјо Цунето, „земјата на капите е плод на чистата фантазија, но не може да се третира како утопистичка романса, туку таа е карикатура на современото јапонско општество и ги отсликува погледите на авторот на животот и светот. Притоа, Цунето сведочи дека, за време на студентските денови, станот на Акутагава бил полн со цртежи на капи при што, во една прилика, Акитагава му покажал еден таков цртеж, велејќи: „Ремек-дело, што велиш? Тоа е мојот портрет.“ Новелата е напишана во облик на исповед на еден пациент на душевна болница, веројатно со намера да го избегне можниот прогон на писателите поради „злосторството на мислите“ — појава коај била честа во тоа време.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads