Капсохор (Берско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Капсохор или Капсохора (грчки: Καψοχώρι, книжевно: Καψοχώριον, Капсохорион) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
За други истоимени места, погледајте Капсохор.
Денес, селото претставува составен дел од градот Гида.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на три километри југозападно од градот Гида, крај самата железничка пруга Солун-Бер, на надморска височина од 10 метри.[1]
Сместено е во областа Урумлак.
Историја

Како и сите околни села што влегуваат во областа Урумлак, така и ова село било населено со грчко население.[1]
По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. ВО 1928 година, Капсохор претставувала мешана населба со 1 бегалско семејство со вкупно 4 жители.[2]
Стопанство
Основни производи на селото биле памук, шеќерна репка, а се произведувало грав, детелина и овошје. Дел од населението се занимавал и со краварство.
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Капсохор живееле 200 Грци христијани.[1][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Капсохор (Kapsohor) живееле 200 Грци.[4]
Во 1913 година било забележано со 279 жители, во 1920 година со 305, во 1928 година со 337 (од нив само 5 бегалци), во 1940 година со 424 и во 1951 година со 563 жители. Во подоцнежните пописи повеќе не се споменува, бидејќи било споено со градот Гида, иако селото и понатаму продолжило да постои.[1]
Remove ads
Самоуправа и политика
Денес, селото претставува дел од градот Гида.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads