Карадаг
планина во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карадаг или Кара Даг (од турското Kara Dağ, Црна Планина; грчки: Μαυροβούνι, Мавровуни; старо Καρά Νταγ) — ниска планина во Егејска Македонија.[1][2][2] Највисок врв е Коџа Бали (1.177 м).
За етнографската област во Вардарска Македонија, видете Карадак.
Remove ads
Опис
Планината се наоѓа на границата која го дели Кукушко на запад и Серско на исток, меѓу Бутковското и Дојранското Езеро. Од планината Круша на северозапад е одвоена со седлото Дијасело (560 м).[1] Голем број стари карти и други извори ја сметаат планината за дел од Круша,[1][3] веројатно бидејќи има врв Карадаг на Круша и врв Круша на Карадаг.[1] На југ планината е одделена од Манастир Тепе со превој на 660 м јужно од с. Папрат.[1]
Карпите на планината се гнајсови, а има и малку амфиболити.[1]
Бутковското Езеро во северното подножје планината е влажно подрачје од меѓународно значење, заведено со Рамсарската конвенција во 1974 г., а езерото со неговата околина во 2003 г. е прогласено за национален парк. Истото е вклучено и во мрежата Натура 2000 (бр. 1260001 и 1260008) и прогласено за место од орнитолошка важност (020).[1]
До врвот Коџа Бали се стасува од селото Папрат (620 м) за околу 3 часа.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads