Карат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карат (кт, kt) е единица за маса на драги камења и бисери[1] што изнесува 200 мг. Денешната уредба за каратот („метрички карат“) е усвоена во 1907 г, на IV Генерална конференција за тегови и мерки,[2] а набргу потоа и во многу земји во светот.
Оваа статија се однесува на единица за маса а драги камења и бисери. За изрзување на чистота на златото, погл. карат (чистота).
Претворено во посекојдневни единици, вредноста на каратот е следнава 1 карат = 0,2 гр = 2 · 10−4 кг
Во минатото, секоја земја имала свој карат и се користел претежно за злато, но од 1570-тите почнал да се користи за изразување на тежината на дијаманти. Поимот „карат“ потекнува од француски: carat, кој е пак изведен од арапски: قيراط (кират), од старогрчки: κεράτιον (кератион) — мешунка од рогач (Ceratonia siliqua), со чии семки се мерела тежината.[3]
Кај дијамантите пак, за беспрекорен се смета камен од барем 100 карати (20 гр.)
Каратот како единица за чистота на златото доаѓа од римската мерка „солид“, по која е наречена истоимената монета.
Remove ads
Поврзано
- Карат (чистота)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads