Кара Ташо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Атанас Караташов, нарекуван и Брадата, Ташо Островски, Кара Ташо, Караташо,[1] ( 1850 , Острово, Воденско - 25 август 1906 , Зборско, Мегленско) — македонски револуционер, воденски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Remove ads
Животопис
Кара Ташо е роден во 1850 година во воденското село Острово. Во редовите на ВМОРО се приклучил во 1902 година и бил војвода во Воденскиот крај[2], додека негов секретар бил Димитар Занешев[3]. Учествувал во Илинденското востание како воденски војвода, а исто така имал учество во голема битка во месноста Пожарски Дол.
По востанието, Кара Ташо дејствувал како подвојвода на воденскиот војвода Лука Иванов. Одговорен бил за заседата на грчкиот андартски капитен Епаминондас Гарнетас два дена по неговиот напад над воденското село Теово на 26 ноември 1904 година. Кај Саракиново и Долно Родиво двете чети се сретнале, андартите биле разбиени и пребегале во селото Полјани.[4]
Во мај 1905 година четата на Кара Ташо се префрлила во соседната област Мариово и во селото Ивени за казна ги убива мајката и сестрата на андартот Петар Сугарев[5]. Кара Ташо загинал заедно со Лука Иванов на 25 август 1906 година кај селото Зборско во битка со грчкатата андартска чета на Константинос Гарефис, кој подоцна исто така умрел.[6][7]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads