Теово (Воденско)
село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Теово или Техово (грчки: Καρυδιά, Каридија, до 1926 г. Τέχοβο,[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 387 жители (2011), сите Македонци.[3]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа околу 12 км северозападно од градот Воден, во подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 580 м.
Историја
Османлиско време
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од Воденскиот вилает стои дека во 1619-1620 г. селото Техова има 81 обврзнички домаќинства.[4]
За време на Негушкото востание во 1822 г. 25 мештани, заедно со 40 жители од Држилово под командата Јован Папаревски (Јоанис Папарескас) го осигурале извлекувањето на жените и децата од Негуш.[5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 г. Техово (Téhovo) било село во Воденската каза со 187 домаќинства, или вкупно 880 Македонци[6].[7]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Теово живееле 604 Македонци[6].[8] Во овој период во селото делуваат бугарската и грчката пропаганда. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa population chrétienne“) во 1905 г. в Теово имало 720 жители Македонци,[6] од кои 280 под Бугарската егзархија и 440 Цариградската патријаршија.[9] Милоевиќ завел 100 македонски куќи.[3] Во 1908 г. во селото е отворено и народно училиште.[10] Во 1909 г. по желба на грчкиот владика Стефан, воденскиот кајмакам наредил да се затвори бугарското училиште.[11]
Припојување кон Грција
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога броело 513 жители.[3] Во 1920 г. селото имало 512 жители. Населението биле изложено на асимилациски притисок од властите. Во 1926 г. е преименувано во Каридија.[12] Во 1930-те сите жители независно од возраста биле натерани да учат грчки, а изустувањето на макар еден македонски збор се казнувало со присилно пиење на рицинусово масло.[13]
Remove ads
Втора светска и Граѓанска војна
Во Втората светска војна селото е окупирано од Бугарите, кои воспоставиле бугарска општинска власт.[14] Во 1947 г. грчките монархистички власти присилно го иселиле населението на Теово во Воден и Владово, но жителите се вратиле во него по нормализацијата на состојбите.[3] Селото значајно настрадало во текот на Граѓанската војна и голем дел од жителите пребегале во Р Македонија и разни земји од Источниот блок.
По средината на XX век отселувањето на жителите во Германија зело поголем замав.

Во 1962 г. на сретселото се издигнати споменици на андартските капетани Антонис Мингас и Аграс (Телос Агапинос), обесени во 1907 г. од Воденската чета на ВМОРО на патот меѓу Владово и Теово. Бистата на Аграс била цел на повремени напади од месното население[15] Во 2008 г. мештаните ги уништиле статуите на Антонис Мингас и Телос Агапинос меѓу Владово и Теово.[16][17].
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Теово, каде спаѓа и селото Кронцелево.
Стопанство
Главни производи на населението се оревите, црешите и житото. Делумно е развиено и сточарството, за што постојат погодни пространи терени.[3]
Култура и настани
На 21 мај секоја година во месноста Костен се одбележува селската слава Св. Елена.[18]
Цркви
- „Св. Ѓорѓи“ — најстарата постоечка црква во центарот на селото, изградена пред 1850 г. Ова е базилика со ѕидови дебели 80 см и два влеза — од јужната и западната страна. со впечатлив позлатен иконостас. Од особено значење е насликаната Богородица, но многу од останатите фрески и икони се преработувани одново.
- „Св. Петка“ — се наоѓа во истоимената месност и е изградена пред 1817 г. Ова е еднокорабна црква со ѕидови дебели 60 см и благо закосен покрив. Меѓу иконите во неа се издвојуваат онаа на Света Петка (1817), додека светците Ефтимиј и Харалампиј, Богородица, Христос и Јован Крстител се живописани со карактеристична едноставност.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads